Skip to main content
Свет

Израел го потврди убиството на лидерот на Хамас

28/05/2025  17:31

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е елиминиран еден од најбараните Палестинци, лидерот на Хамас, Махмуд Синвар.

Синвар во октомври 2024 година ја презеде лидерската функција во Хамас откако загина неговиот постар бран Јахја Синвар.

Тој е роден во 1975 година во бегалскиот камп Кан Јанус, а беше познат како лидер на бригадите Ал Касам, военото крило на Хамас.

Синвар беше вмешан во киднапирањето на израелскиот војник Гилад Шалит во 2006 година и преживеа неколку израелски обиди за атентат. Израелските служби го сметаа за еден од клучните организатори на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година. Израел за информација за лоцирање на Синвар нудеше награда од 300.000 долари