
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “послужување”.
На 10.07.2024, пријавениот склучил договор за изнајмување на патничко возило и овластување за користење на возилото со правно лице од Гостивар,но не го вратил возилото во договорениот период и заминал во Република Грција.
По извршени проверки било констатирано дека возилото се наоѓа во Грција и дека е одземено од надлежните служби затоа што со него било извршено кривично дело “криумчарење”.