Skip to main content
Македонија

Изминатото деноноќие 25 пожари, под контрола пожарите во Трубарево и Дрисла

18/09/2025  09:42

Под контрола се уште се пожарите кај селото Трубарево и депонијата Дрисла, соопшти утринава Центарот за управување со кризи. 

Според ЦУК, на територија на цела држава изминатото деноноќие имало вкупно 25 пожари на отворен простор од кои активни се три пожари, а два под контрола. 

Активни се пожарите во село Виниче во општина Гази Баба, кај селото Петрово на Кожуф планина и кај селото Вражале во општина Зелениково.