
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Ф.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на април 2025 година, пријавениот довел во заблуда лице од с. Тумчевиште така што склучиле договор за купопродажба на патничко возило, му го земал возилото „ауди“ за да го однесе на мајстор за поправка и дека до 15.04.2025 година ќе отидат на нотар и ќе му ја плати договорената сума.
Сепак истиот не се јавил, ниту, пак, го вратил возилото.