
На 05.01.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Емин Бојана” во с. Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од с.Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди” со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
