Skip to main content
Хроника

Изгореа три паркирани возила во Индустриската зона во Желино

09/02/2025  15:15

Во СВР Тетово е пријавено дека на паркинг на фирма на регионалниот пат Тетово – Скопје, кај Индустриската зона во село Желино, тетовско, настанал пожар на три паркирани товарни возила.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Нема повредени лица, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот бил изгаснат.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.