Skip to main content
Хроника

Изгореа багер и автомобил – сопственикот се сомнева на намерен пожар

19/06/2025  16:44

Денеска (19.06.2025) во 02.00 часот во СВР Скопје, М.Б.(45) од с.Долно Количани, скопско, пријавил дека во негов плац на подрачјето на Драчево настанал пожар во работна машина – багер и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, двете негова сопственост. Пожарот била изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.