
Синоќа во 21:15 часот изгоре куќа во село Иловица, Струмичко.
Според информацијата од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и 10 пожарникари.
-Пожарот во поголем дел беше изгаснат од месното население. По пристигнувањето извршена е контрола и изгаснати се некои жаришта низ просториите на куќата, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Причинета е поголема материјална штета, а причината за пожарот ќе се утврдува.