
Францускиот булдог Вригли Ловинс покажа неочекувана љубов кон постуденото време и откри нова страст – санкањето. Неговата радост и вештината додека се спушта и се искачува по ридовите се импресивни.
Видеото објавено на „Инстаграм“ покажува мал француски булдог како сам се санка на ридот изгледајќи како професионалец. Сцената собра повеќе од сто илјади прегледи и воодушеви многубројни гледачи.
„Тој не само што мисли дека е професионалец, навистина е“, се дел од коментарите.