Skip to main content
Скопје

Издадено првото одобрение со 0 денари комуналии за млади до 35 години во Општина Аеродром

03/04/2026  13:26

Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој денеска од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии. Овој момент не е само административен чекор, туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом.

Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и иднината на нашата заедница, велат од општината

Сите млади до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат, добиваат целосно ослободување од комуналии од делот што е за Општина Аеродром.