
Денес наутро во 08:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во с.Копанчиндол, во куќа сопственост на Ф.Т. од с.Копанчиндол. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
