Skip to main content
Свет

Избувна пожар на Ајфеловата кула во Париз

24/12/2024  13:27

Евакуирани се околу 1.200 луѓе од Ајфеловата кула откако избувна пожар на овој познат симбол на Париз.

Според француската полиција, пламенот бил забележан во окното на лифтот помеѓу првиот и вториот кат.

Пожарникарите се сомневаат дека пожарот настанал поради прегревање на уредите во близина на каблите.

Пожарот брзо е ставен под контрола, пишува The Mirror.

За време на интервенцијата, Ајфеловата кула беше затворена за туристи. Инаку, овој светски познат споменик секој ден го посетуваат меѓу 15.000 и 25.000 луѓе, покажуваат податоците на веб-страницата „RoadGenius“.

Во јануари годинава социјалните мрежи беа преплавени со фотографии и видеа во кои се тврдеше дека Ајфеловата кула гори, но тие видеа подоцна се покажа дека биле лажни. Сепак, вистински пожар е снимен во далечната 1956 година, кога пожар во просторијата за телевизиски пренос предизвика значителна штета.