Skip to main content
Скопје

Изборите помнаа, проблемите со сметот во Скопје останаа (ФОТО)

20/10/2025  16:44

Иако сите кандидати за градоначалници во Скопје ветуваа дека ќе го исчистат градот, утринава сликата во главниот град се уште е иста.

Вчера помина првиот круг на гласање на локалните избори, но граѓаните повторно се разбдија со преполни контејнери.

Имено и вчера објавивме дека купишта ѓубре беше исфрлено на сред паркинг на булеварот Јане Сандански во скопски Аеродром, а денес во истата општина, во населбата Ново Лисиче ситуацијата е слична, само што овој пат преполни се контејнерите, а смет има и надвор од нив.