Skip to main content
Балкан

Избори во Албанија: Еди Рама во трка за четврт мандат

11/05/2025  09:12

Денеска Албанија гласа на парламентарни избори.

Анкетите покажуваат дека Еди Рама е фаворит, но можеби ќе му треба поддршка од помали партии за да обезбеди тесно мнозинство.

Младите, пак, се сѐ понезадоволни. Велат дека се уморни од истите лица кои ја водат земјата од падот на комунизмот. „Гласам за нови луѓе, овие се вртат со децении,“ вели 21-годишниот Арбер. Студентката Ериса вели дека не ни планира да гласа – сака само да се отсели и никогаш да не се врати.

И покрај економскиот раст од над 4% во последните три години и туристичкиот бум, корупцијата и понатаму е сериозен проблем, засилена од криминални банди кои перат милијарди евра стекнати од трговија со дрога и оружје.

Изборните места се отворени од 7 до 19 часот, а резултатите се очекуваат во понеделник.