
Шеснаесетгодишно момче денеска по 14 часот е избодено пред очите на својот татко во центарот на Лесковац, објавија српските медиуми.
Беше примен со две видливи убоди во пределот на градниот кош и стомакот“, вели во Небојша Димитријевиќ, директор на Општата болница во Лесковац, додавајќи дека неговиот татко бил полесно повреден во тепачката што ѝ претходела на оваа крвава гозба.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен и дека исто така е помлад човек.
За се е известено надлежното обвинителство“, додаваат оттаму.
Мотивот за нападот и тепачката се уште се истражува.
Според неофицијални информации, тепачката се случила во пекара каде било скршено стаклото од витрината, пишува Телеграф.