Skip to main content
Скопје

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

03/11/2025  10:33

И ова се случува во Македонија. На избирачкото место 2444 – Раовиќ, сместено во Основното училиште во селото Раовиќ, општина Сарај, од вкупно 214 запишани избирачи – не гласал ниту еден граѓанин.

Во општина Сарај, кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, освои 446 гласа, односно 10,58%, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, доби 3.589 гласа, или 85,15%.

Според 100% од обработените гласови за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски има освоено 95.572 гласа, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, 61.475 гласа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата по објавувањето на резултатите изјави дека исходот од изборите претставува „победа на народот и на новата енергија што ја движи земјата напред“, а не причина за партиска еуфорија.