
Ивица Дачиќ, претседател на Социјалистичката партија на Србија и актуелен министер за внатрешни работи, е во сериозна здравствена состојба и итно е примен во болница, каде што е ставен на медицинска опрема, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите, неговата состојба нагло се влошила во изминатите неколку дена, а особено во последните часови. Како што објавува српскиот медиум Информер, на Дачиќ му била дијагностицирана билатерална пневмонија, по што здравствената состојба дополнително се комплицирала. Наводно, неговиот живот е во опасност.
Дачиќ (60) со години се соочува со дијабетес и други придружни здравствени проблеми, што дополнително ја отежнува актуелната состојба.
Тој денеска не присуствуваше на комеморацијата за поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор на СР Југославија во ОН, Владислав Јовановиќ.
„Жал ми е што Ивица Дачиќ, претседателот на Социјалистичката партија на Србија, не е присутен тука од технички причини“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Според истите извори, Вучиќ лично реагирал кога ја забележал сериозноста на состојбата и го однел Дачиќ во болница. Поради здравствените проблеми, тој го откажал и планираното патување во Казахстан, каде што требало да биде дел од државната делегација предводена од претседателот.


