
Авионот на германската авиокомпанија „Луфтханза“, кој леташе на релација Софија-Франкфурт, изврши итно слетување на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград непосредно пред 13 часот, потврдија од аеродромот за „Танјуг“.
Патниците се наоѓаат на терминалот и чекаат одлука од авиокомпанијата за продолжување на патувањето.
Сите релевантни оперативни служби на аеродромот веднаш беа присутни на лице место за да обезбедат безбедност и поддршка.