Skip to main content
Балкан

Итно се повлекува популарен дезодоранс од Србија – се предупредува на опасност поради забранета состојка

18/04/2025  22:01

Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи пласирани на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправност на дезодорансите од популарниот бренд Malizia и нивно повлекување од српскиот пазар.

Според списокот на состојки, производот содржи 2-(4-терц-бутилбензил) пропиналдехид (BMHCA), кој е забранет во козметичките производи. BMHCA може негативно да влијае на репродуктивниот систем, може да го наруши здравјето на нероденото дете и да предизвика преосетливост на кожата.

Информации за производот

Марка: Malizia

Име: Brivido

Баркод: 8003510001316

Земја на потекло: Италија