Skip to main content
Магазин

Италија може да загуби 40 отсто од плажите до крајот на векот поради порастот на морското ниво

28/10/2025  17:10

Италија ризикува да загуби околу 20 проценти од своите плажи до 2050 година, а дури 40 проценти до крајот на векот, поради порастот на нивото на морето поврзан со климатската криза, како и поради поплави и ерозија на земјиштето, се наведува во новиот извештај на Италијанското географско друштво „Потопени предели“.

Според извештајот, најзагрозени подрачја се северниот дел на Јадранот, плажите на Гаргано во Апулија, неколку делови од тиренската обала меѓу Тоскана и Кампанија, како и крајбрежните области околу Каљари и Орисано на Сардинија.

Во ризик се и половина од националната пристанишна инфраструктура, повеќе од 10 проценти од земјоделските површини и така наречените „амфибиски“ крајбрежни подрачја, меѓу кои делтата на реката По и Венецијанската лагуна.