Skip to main content
Забава

Истражувањата велат: Родителите во присуство на децата не треба да зборуваат за овие четири теми

03/01/2025  17:21

Експертите и истражувањата предупредуваат за важноста на избегнувањето на одредени теми бидејќи таквите разговори можат да предизвикаат вознемиреност, несигурност и негативно однесување кај децата. Во продолжение ова се темите за кои родителите не треба да зборуваат во присуство на децата.

Финансиски проблеми
Родителите треба да избегнуваат да разговараат за финансиските проблеми пред своите деца, бидејќи тоа може да предизвика чувство на несигурност и вознемиреност. Студијата од 2017 година, која ги следеше биолошките реакции на студентите на стресни видеозаписи, покажа дека стресот може да биде „заразен“. Дополнително, една студија го поврза финансискиот стрес на родителите со проблематичното однесување на адолесцентите, поради што родителите треба да внимаваат за нивните лични грижи да не влијаат негативно врз нивните деца, пишува „YourTango“.

Критикување на туѓ изглед
Коментирањето на туѓиот изглед во присуство на децата треба да се избегнува бидејќи тоа може да ги научи да ги осудуваат другите врз основа на надворешните карактеристики и да ја загрози нивната самодоверба. Едно истражување покажа дека дури и „позитивните“ коментари за тежината и обликот на телото можат негативно да влијаат врз децата. Спротивно на тоа, родителската поддршка и позитивниот разговор за телото помагаат во развојот на здрава самодоверба.

Конфликти помеѓу родителите
Расправиите и конфликтите меѓу родителите не треба да се случуваат пред децата, бидејќи тоа го нарушува нивното чувство на емоционална сигурност.

Според едно истражување, дури и малите конфликти меѓу родителите можат да влијаат на способноста на детето да ги процесира емоциите, особено кај децата кои се срамежливи. Одржувањето на мирно окружување во домот е од суштинско значење за чувството на стабилност кај децата.

Семејни несогласувања
Дискусиите за семејните несогласувања треба да се избегнуваат пред децата бидејќи тие можат да предизвикаат поделена лојалност или стрес.

International Encyclopedia of the Social & Behavioral Sciences“ посочува дека родителските ставови силно влијаат врз децата, вклучувајќи ја нивната мотивација и однесување. Непромислените коментари за членовите на семејството можат да создадат предрасуди кај децата и негативно да го обликуваат нивниот однос со роднините.

Секоја од овие ситуации нагласува колку е важно родителите внимателно да ги избираат зборовите и темите кои ги споделуваат со своите деца, со цел да го поддржат нивното емоционално и ментално здравје.