Skip to main content
Хроника

Истрага за недозволено држење оружје и муниција во Скопје

28/05/2025  10:43

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи според член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Батинци полициски службеници пронашле оружје и поголемо количество муниција – три пиштоли и вкупно 643 куршуми со различен калибар и наменети за различни видови оружје.

Јавниот обвинител оцени дека се исполнети законските основи, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.