Skip to main content
Хроника

Истрага за недозволена трговија со дрога во Струга

11/09/2025  15:52

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот во селото Луково, како и во неговиот автомобил, полицијата пронашла 166 грама марихуана и шприцеви со 9 милилитри хашиш масло, како и дополнителни количества растителна материја во тегли која ќе биде предмет на вештачење. Дрогата била наменета за натамошна неовластена продажба.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.