Skip to main content
Економија

Исплатени 30,3 милиони денари дополнителна поддршка за 243 земјоделци

10/03/2026  16:08

Денеска е исплатена дополнителна помош од 20% за носител на семејно – земјоделско стопанство, во вкупен износ од 30.302.543 денари, кон 243 корисници, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува со континуирана поддршка на земјоделците и развојот на земјоделското производство.