Skip to main content
Магазин

Искусен месар предупредува: Какво мелено месо треба да купувате?

14/04/2025  22:36

Месар со 15-годишно искуство изјави шокантни детали за тоа што сè може да се најде во меленото месо кое секојдневно се продава во маркетите и месарниците.

„Фаширано месо – ВНИМАНИЕ!!! Јас сум месар 15 години, и со сигурност можам да кажам дека дел од месото кое го јадеме по квалитет е рамно со леш од некое животно, кое со денови стои на пат“, напиша тој, додавајќи дека знаел да направи мелено месо кое изгледа совршено свежо – од месо старо и до еден месец.

Според неговите зборови, со употреба на ладна вода, сол, шеќер и винобран, старото месо може да изгледа како штотуку меленo.

„Солта и ладната вода ја извлекуваат смрдеата, шеќерот ја враќа бојата, а винобранот ја враќа свежината“, вели тој и ги советува потрошувачите да внимаваат на неколку знаци кои можат да укажат дека фашираното месо е вештачки освежено.

Ова се предупредувачките знаци:

– Ако е премногу ситно сомелено

– Ако е румено однадвор, а темно одвнатре

– Ако се прави пена додека се динста

Месарот апелира граѓаните внимателно да бираат од каде купуваат месо и да не наседнуваат на изгледот, бидејќи, како што вели, „вистински свежото месо нема потреба од маскирање.“