Skip to main content
Забава

Искористете го стариот леб и пригответе ги овие превкусни прженици полнети со шунка и кашкавал

08/03/2025  18:52

Пржениците се популарно јадење од нашето детство, кое најчесто се приготвуваше за појадок или вечера. Главната состојка е бајатиот леб, а речиси сите го обожаваа совршениот вкус.

Доколку обожавате да ги јадете, а сакате да пробате нешто поинакво, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Шупливите прженици полнети со кашкавал и шунка се одличен предлог за појадок или вечера. Приготвувањето е многу едноставно, а вкусот е фантастичен.

Состојки:
За пржениците: 20 г путер, 3-4 парчиња леб

За полнењето: 2 јајца, 1 лажиче оригано, 100 г шунка и 120 г тврд кашкавал.

Приготвување: Стопете го путерот, па наредете ги парчињата леб, откако ќе им ја извадите средината. Изматете јајца, посолете, посипете оригано, па додајте сечкана шунка и рендан кашкавал. Добро измешајте.

Ставете ја смесата во празнината на лебот, израмнете и поклопете, па пржете околу 7 минути. Потоа, превртете на другата страна, повторно поклопете и пржете уште 3 минути.