Skip to main content
Македонија

Исен Шабани прогласи победа во општина Врапчиште

11/01/2026  21:11

Кандидатот за градоначалник на Врапчиште од коалицијата Национална алијанса за интеграција, Исен Шабани, прогласи победа.

По обработени 100 проценти од гласовите, според Државната изборна комисија, тој има освоено 5.414 гласови, наспроти кандидатот Зуљхајрат Демири, поддржан од Група избирачи, кој освоил 3.135 гласа.

Ова ќе биде негов трет мандат како градоначалник на општина Врапчиште.