Skip to main content
Македонија

Исен Шабани прејде со Таравари за да биде кандидат за втор мандат градоначалник на Врапчиште

06/04/2025  16:30

Изненадување за сите беше денеска кога Исен Шабани пристигна заедно со Арбен Таравари пред состанокот во Гостивар.

Исен Шабани беше потпретседател на Алијанса за Албанците но крилото на Зијадин Села.

Арбен Таравари.ја откри тајната зошто Шабани го напушти Села и е веќе во неговите прегратки.Шабани како градоначалник на Врапчиште израчунал дека поголеми му се шансите со Таравари да стане по втор пат градоначалник на Врапчиште. Бегството му било од прагматични а не од идеолошки причини.

.„Исен Шабани отсега е овде и ќе стане пратеник во Собранието на Алијансата за Албанците и најверојатно ќе биде, нормално Собранието ќе треба да одлучи, тој ќе биде кандидат за градоначалник на Алијанса за општина Врапчиште“, потврди Таравари.