
Благодарение на брзата интервенција и координација на тимовите на Црвениот крст и на Дирекцијата за заштита и спасување, двете лица беа експресно пронајдени на падините на Водно и веднаш безбедно транспортирани во градот Скопје.
На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи денеска беше пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно.
Веднаш по добивањето на пријавата, дежурниот оперативен центар на ЦУК ги известил надлежните институции. Министерството за внатрешни работи е мобилизирано за формирање специјален тим за пребарување, во акцијата се вклучени и екипи од Црвениот крст.