
Исчезнат е Владимир Бурев од Штип. Има 36 години, висок и облечен во црни тренерки. Домот го напуштил вчера во 04:00 часот и му се губи секаков траг. Апел до секој кој има било каква информација, да се обрати во најблиската полициска станица или да контактира некој од неговото семејство, се наведува во апелот кој се шири на социјалните мрежи.
