Skip to main content
Македонија

Исчезна младата Биљана од Прилеп: Семејството моли за помош, еве каде е видена последен пат

24/07/2025  14:44

Триесет и четири годишната Биљана од Прилеп е исчезната, а семејството преку социјалните мрежи и полицијата бара помош за нејзино пронаоѓање.

-Луѓе мои помагајте Ве премолувам. Мојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа. Последен пат е видена во С. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство. Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива, објави сестрата на Биљана, Соња Јандреска.

Од полицијата потврдуваат дека случајот е пријавен и кај нив.

-На 23.07.2025 во 23.02 часот во СВР Битола, С.Ј.М. од Прилеп пријавила дека од дома со возило се оддалечила нејзината сестра Б.Ј.А.(34), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.