Skip to main content
Хроника

Исчезна маж од Батинци: Тргнал за Австрија, но веќе два дена му се губи секаква трага

23/10/2025  15:34

Полицијата трага по 42-годишен маж од Батинци, кој пред два дена го напуштил домот и кажал дека ќе оди во Австрија. Но, оттогаш му се губи секаква трага, а бил недостапен и на мобилниот телефон.

„На 22.10.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Драчево Б.Д.(22) од с.Батинци, скопско, пријави дека неговиот вујко Н.Д.(42) на 21.10.2025 се упатил кон Р.Австрија, по што не бил достапен на телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“, стои во билтенот на МВР.