Skip to main content
Македонија

Исчезна 39-годишен струмичанец, семејството бара помош од граѓаните

14/08/2025  22:16

На социјалните мрежи денеска се шири апел за помош во потрагата по струмичанецот Роберт Дрвошанов (39), кој е пријавен за исчезнат вчера во 14:00 часот, пренесува порталот Струмички.

Според информациите, во моментот на исчезнувањето Роберт бил облечен во црвени шорцеви, кафенкаста маица, црна капа и бели патики, а со себе носел и црн ранец.

Од семејството упатуваат апел до сите граѓани кои имаат какви било сознанија за неговото движење или можната локација, да се јават на телефонскиот број 077/619-822, кај неговата мајка, Љубинка Дрвошанова.

Семејството и пријателите повикуваат на солидарност и брза реакција со цел Роберт да биде пронајден во најкус можен рок.