Skip to main content
Спорт

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

27/03/2026  18:04

Иранските власти им забраниле на своите национални и клупски спортски екипи да патуваат во земји што официјален Техеран ги смета за непријателски, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Министерството за спорт, кое наведе дека одлуката е донесена водејќи се од загриженоста за безбедноста на спортистите.

„Присуството на национални и клупски екипи во земји што се сметаат за непријателски и не се во можност да ја обезбедат безбедноста на иранските спортисти и членови на тимот е забрането до понатамошно известување“, соопшти Министерството.

Во соопштението се додава дека Иранската фудбалска федерација и клубовите се должни да ја известат Азиската фудбалска конфедерација за да може местата за одигрување на натпреварите да се преместат на други локации.

Иранското Министерството не прецизираше во соопштението кои земји се сметаат за непријателски.

Иран се квалификуваше за претстојното Светско фудбалско првенство, кое ова лето заедно го организираат САД, Канада и Мексико, иако неговото учество на мундијалскиот турнир е неизвесно, откако почнаа американско – израелските воени напади врз Иран.

Иранската фудбалска репрезентација се подготвува во Турција каде денеска одигра контролен натпревар против Нигерија во Белек во кој загуби со 2-1, а идниот вторник ќе игра против Костарика.