Skip to main content
Свет

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на САД

22/06/2025  21:39

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска вети „одговор“ на синоќешниот американски напад врз нуклеарните објекти на Иран, нарекувајќи го чин на агресија.

Пезешкијан ги дал овие забелешки во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Американците мора да добијат одговор на нивната агресија, рече иранскиот претседател.

Пезешкијан денеска беше на антиамерикански демонстрации во Техеран, каде што луѓето скандираа „Одмазда, одмазда!“ со кренати тупаници.

Американските сили го нападнаа Иран утрово, а целта на операцијата, наречена „Полноќен чекан“, беше да се уништат нуклеарните објекти во Фордо, Натанц и Исфахан.