Skip to main content
Свет

Иранска ракета падна на само неколку метри од канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим

17/03/2026  12:43

Утринава истрелана иранска ракета падна во непосредна близина на канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, објави иранската агенција ТНА.

Според извори на агенцијата, ракетите ги погодиле своите цели само на неколку метри од зградата во самиот центар на Ерусалим.

Тензиите дополнително се зголемија минатата недела откако Револуционерната гарда соопшти дека го бара Нетанјаху.

Гласини за неговата смрт наскоро се проширија на социјалните мрежи, на што израелскиот премиер одговори со објавување видео од себе како купува кафе, очигледно сакајќи да ги негира таквите тврдења.