Skip to main content
Свет

Иран: Украина се приклучи на војната, сега е легитимна цел

14/03/2026  15:03

Шефот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, изјави дека Украина е легитимна цел.

„Неуспешните обиди на Украина да му помогне на Израел ја прават легитимна цел за нас“, рече тоj.

Азизи изјави дека „со обезбедување поддршка со беспилотни летала на израелскиот режим, пропаднатата Украина ефикасно се приклучи на војната и, според член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ја претвори целата своја територија во легитимна цел за Иран“.

Член 51 од Повелбата на ОН се однесува на правото на државите на самоодбрана во случај на вооружен напад.