
Иран во моментов нема планови за средба со САД, изјави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, во интервју за иранската државна телевизија.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Вашингтон планира да разговара со Иран за неговата нуклеарна програма веќе следната недела.
Шефот на иранската дипломатија изјави дека Техеран размислува дали разговорите со САД се во негов интерес, откако пет рунди разговори беа прекинати поради израелските и американските напади врз нуклеарните постројки на Иран.
Арагчи изјави дека штетата предизвикана на нуклеарните постројки „не е мала“ и дека надлежните органи ги утврдуваат новите реалности на нуклеарната програма на Иран, што ќе влијае на идната дипломатска позиција на Иран.