
Иран нема повторно да го отвори Ормутскиот теснец во замена за „привремен прекин на огнот“, изјави во понеделник за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.
Службеникот потврди дека Иран добил предлози за итен прекин на огнот и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат да се согласи со временските рокови и да донесе одлука.
Рамката за прекин на борбите беше изготвена од Пакистан и испратена до Иран и САД преку ноќ, изјави извор на Ројтерс, наведувајќи двостепен пристап со итен прекин на огнот проследен со сеопфатен договор.
Американскиот портал „Аксиос“ синоќа објави дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијален 45-дневен прекин на огнот како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори.
Според предлогот, Ормускиот теснец би бил повторно отворен, а страните во конфликтот би имале помеѓу 15 и 20 дена да финализираат поширок договор.
