Skip to main content
Свет

Иран погоди полн танкер со нафта во пристаништето во Дубаи

31/03/2026  08:07

Иранските сили директно нападнаа кувајтски танкер за нафта додека бил закотвен во пристаништето Дубаи во Обединетите Арапски Емирати, објави синоќа кувајтската државна новинска агенција, повикувајќи се на Кувајтската нафтена корпорација, пишува „Њујорк тајмс“.

Властите во Дубаи реагираа на инцидентот во кој дрон удри во танкер, предизвикувајќи пожар во емиратските води, соопшти канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи. Ниту еден од 24-те членови на екипажот не е повреден и е безбедна, се додава во соопштението. Морските противпожарни екипи го изгаснаа пожарот, кој подоцна успеаја да го стават под контрола.

Кувајтската нафтена корпорација соопшти дека танкерот „Ал-Салми“ бил целосно натоварен во времето на нападот и дека бил погоден од иранските сили. Трупот на бродот бил оштетен, а пожарот и штетата можеле да предизвикаат излевање на нафта во околното море, предупреди таа. Се преземаат мерки за спречување на штети врз животната средина.

„Танкер Трекерс“, компанија која ги следи движењата на танкерите, соопшти дека бродот превезувал околу два милиони барели сурова нафта, околу 1,2 милиони од Саудиска Арабија и околу 800.000 од Кувајт. Танкерот го завршил товарењето пред околу еден месец.