Skip to main content
Свет

Иран отвори фабрики за оружје во повеќе држави

24/08/2025  08:51

Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзадех, изнесе тврдење дека Иран има воспоставено производна структура за вооружување во повеќе држави.

Тој не откри во кои држави Иран планира да произведува оружје, но навестуваше дека производствените капацитети веројатно ќе бидат формално пуштени во употреба.

Насирзадех истакна дека пред потенцијалниот конфликт со Израел, еден од главните приоритети на Иран беше развојот на ракети, но сега “би можеле да се сменат приоритетите”.