Skip to main content
Свет

Иран изврши масовен напад со беспилотни летала врз Израел

13/03/2026  18:54

Иранската војска денеска соопшти дека извршила масовен напад со дронови врз седиштето на израелските сили во областа Бершева, како одговор на тековните американско-израелски напади врз Иран.

„Иранската војска од утрово го таргетира седиштето на израелските одбранбени сили на окупираните територии во Бершева користејќи разорни дронови лансирани од различни делови на земјата, објави 4news.mk Бершева е место на стратешки воени инсталации и инфраструктура на војската на ционистичкиот режим, вклучително и бази поврзани со копнените и воздушните сили“, се наведува во соопштението, пренесува иранската телевизија Пресс ТВ.

Во соопштението се додава дека операцијата ќе продолжи и во наредните часови со напади од поголем обем врз други значајни локации на израелските бази.

Иранската војска тврди дека израелскиот режим „го спречува ширењето на информациите за обемот на штетите и жртвите што ги предизвикале ракетите и разорните дронови преку строга цензура на воените вести и на ефикасните удари на иранската војска и на Islamic Revolutionary Guard Corps“, пренесува Танјуг.