Skip to main content
Свет

Иран испалил ракети кон американска база на 4000 км оддалеченост

21/03/2026  08:41

Иран испали две балистички ракети кон американско-британската база Диего Гарсија, која се наоѓа на четири илјади километри оддалеченост, во средината на Индискиот Океан, објави „Волстрит џурнал“.

Ниту една од двете ракети испукани кон базата не ја погодила целта, објави весникот, повикувајќи се на неколку американски претставници.

Според двајца официјални лица, едната ракета не успеала во лет, а другата била соборена од американски воен брод.