Skip to main content
Свет

Иран испали ракети врз Тел Авив како одмазда за убиството на Лариџани

18/03/2026  09:33

Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека нападнала повеќе од 100 цели во Тел Авив како дел од 61-от бран на операцијата „Вистинско ветување 4“, наведувајќи дека акцијата е спроведена како одмазда за смртта на поранешниот ирански безбедносен службеник Али Лариџани и дека во нападот се користени ракети со касетни боеви глави.

Најмалку две лица загинаа.

Во соопштението се вели дека биле погодени воени и безбедносни цели во Тел Авив и дека имало делумен прекин на електричната енергија во градот. Исто така, се истакнува дека досега во операцијата „Вистинско ветување 4“ се убиени или ранети повеќе од 230 Израелци.

Исто така, командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда, Маџид Мусави, објави дека иранските сили ќе ги интензивираат одмаздничките напади против „непријателите на земјата“, претворајќи го „непријателското небо во уште поголем спектакл“. Тој исто така нагласи дека противниците, тврди тој, не се во можност да му нанесат пораз на Иран.