Skip to main content
Свет

Иран ги предупредува САД: Не може да има прекин на огнот, а вашиот сојузник да прави масакр

09/04/2026  09:16

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Саид Хатибзаде, во интервју за Би-Би-Си изјави дека вчерашните израелски напади врз Либан претставуваат „сериозно кршење“ на прекинот на огнот меѓу САД и Иран.

Хатибзаде додаде дека Иран синоќа испратил порака до Овалната соба: „Не можете да го имате колачот и да го јадете во исто време“.

„Не можете да барате прекин на огнот, да ги прифаќате неговите услови и областите на кои се однесува, вклучувајќи го конкретно Либан, а потоа вашиот сојузник едноставно да започне масакр“, додаде тој. 

Хатибзаде тврди дека израелските напади претставуваат „еден вид геноцид“. Израел, сепак, вели дека е насочена кон милитантната група Хезболах, која истовремено испукува ракети кон Израел.