Skip to main content
Свет

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

18/06/2025  20:16

Иран ги повика жителите на израелскиот град Хаифа да се евакуираат, јави Иранската државна телевизија.

– Пред неколку минути беше издадено предупредување за евакуација на ционистичките доселеници во Хаифа за да се заштитат од ирански проектили, објави иранската телевизија, емитувајќи натпис на хебрејски јазик.

Претходно, иранската Револуционерна гарда ги предупреди жителите на Тел Авив да се евакуираат. По предупредувањето, иранските медиуми објавија дека Иран лансирал хиперсонични ракети Фатах кон Израел.