Skip to main content
Свет

Иран би можел да дозволи инспектори од САД во нуклеарните постројки доколку се постигне договор

28/05/2025  12:29

Иран би можел да ѝ дозволи на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да испрати американски инспектори да ги посетат иранските нуклеарни постројки, доколку постигнат успех во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.

Ова денеска го изјави раководителот на Иранската организација за атомска енергија, Мохамад Еслами.

– Нормално е инспектори од непријателски настроени држави да не се допуштаат во овие објекти, но ако постигнеме нуклеарен договор, можеби ќе им дозволиме на американски службеници на МААЕ да ги посетат нашите постројки, рече Еслами.