Skip to main content
Економија

Инспектори, обвинители, административци сѐ уште немаат земено плата, велат од ССМ

23/04/2025  14:18

Вработените во повеќе јавни институции немаат земено плата, кажа претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Тендафило.

Тој ги повика сите да излезат на маршот на 1-мај, додавајќи дека не треба да попуштаат на притисоците за зачленување во други синдикати.

„Моите податоци се дека и во Министерството за економија, како и во Пазарната инспекција немаат добиено плата. Вработените во Јавното обвинителство немаат добиено плата. Вработените во Водостопанство се уште ја немаат добиено платата. И други низа институции кои во јавниот сектор има што немаат добиено плата. Добив информација дека и вработените во Државниот инспекторат за труд немаат добиено плата, а треба тие да спречат неисплаќањето на плати во приватниот и јавен сектор. Тоа е голем број на работници кои ја немаат добиено платата и по празниците, беа оставени и за време на најголемите христијански празници без средства“, рече Трендафилов.

Тој посочи дека овие вработени не само што немаат добиено плата, туку и да се приклучат на други синдикати и да не излезат на собирот на 1-мај.

„За жал на голем дел од вработените во јавниот сектор немаат добиено поголема плата за 12 проценти, туку зголемување за околу 1800 денари“, рече Трендафилов и порача да тужат.

Според него, се прави крах на државниот систем оти се чекаат тужби од вработени и адвокатски канцеларии, на кои ќе треба да им се исплатат адвокатски трошоци.

„Адвокатите ќе земат 10 пати повеќе од тоа што е платата на работниците. Ваква состојба имавме во МВР во 2010 година, кога менаџментот трчаше низ полициските станици за да не тужат. Најчесто тужат тие што први се пензионираат и оставаат таква пракса. Тоа што слушаме сега, е дека се прави притисок врз судството за да се отфрлаат тужбите за неисплаќање на плати согласно колективните договори“, додаде Трендафилов.

Порака дека платите треба да одат кај работниците, а не да се богатат други како адвокатските канцеларии