
Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во МВР поради злоупотреба на службената положба и овластувања.
„Б.М., во моментот на работно место главен инспектор во Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на РСМ и други личности при ОЗОЛО.Во февруари 2024 година пријавениот како началник на Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на РСМ и други личности при ОЗОЛО, во евиденцијата за распоред на работни часови за месец февруари, иако знаел дека за две вработени нема изготвени наредби за работа подолга од полното работно време, евидентирал 32 часа, односно 28 часови прекувремена работа и изработил список за исплата на плата за месец февруари во кој ги евидентирал“, велат од МВР.