
Прашкаста супстанца, која може да се покаже како експлозивна, е откриена за време на истрагата на експлозиите во џамија сместена во училишен комплекс во Џакарта, соопшти денеска началникот на индонезиската полиција, Листио Стиг Прабово.
Осомничениот за инцидентот, 17-годишен ученик, се уште закрепнува по операцијата, а истражителите не ја исклучуваат верзијата за намерен напад.
– Пронајдени се неколку докази кои ја поддржуваат оваа верзија – писмени материјали и мала количина прашеста супстанца која потенцијално може да ги предизвикала експлозиите. Се собираат уште траги, вклучително се анализираат профили на социјалните мрежи и семејството на осомничениот, изјави началникот на полицијата.
Експлозиите се случија вчера за време на петочната молитва, при што десетици луѓе се хоспитализирани со различни повреди, вклучително и изгореници.
– Состојбата на осомничениот се подобрува и се надеваме дека тоа ќе ја олесни работата на истражителите кога ќе биде потребно, додаде Прабово.

